Утрински Весник
Македонија

Жена од Кочани измамила тетовец, му ветувала странски документи

Pari Plik.jpg

СВР Тетово информира дека е поднесена кривична пријава против Ј.Ш.(43) од Кочани, која се сомничи за сторено кривично дело „измама“.

Имено, како што велат од МВР, во текот на 2022 година, тетовец ѝ исплатил 45.000 денари на пријавената, која го довела во заблуда дека ќе му помогне да добие странски документи.

На крајот тој останал и без парите, и без ветените документи, по што случајот го пријавил во полиција.

Можете да прочитате

Привремен сообраќаен режим од петок до понеделник на автопатот Солун – Евзони

Пред изборите марширале со семејствата за „Пулс“, по изборите ретко доаѓаат, вели Наунов

Дали системот реагира навреме? Обвинителката Спасенка Андонова вечерва во 20:00 часот во „Ноќно студио“ на 4ТВ