Утрински Весник
Свет

Како беше спречена уште поголема катастрофа во Балтимор

Sei 197475476.webp.webp

Контејнерскиот брод кој среде ноќ удри во мост во Балтимор претходно остана без погон, но со навременото предупредување на екипажот ги спаси животите на луѓето на мостот, изјави гувернерот на Мериленд, Вес Браун. Гувернерот Мур на прес-конференција рече дека бродот се движел кон мостот со „многу голема брзина“ и дека оние што управувале со него испратиле сигнал за помош и најавиле дека ќе удрат во мостот.

Повикот за помош обезбеди повеќе автомобили да бидат запрени пред да влезат на мостот, со што се спречи голема катастрофа. „Тие луѓе се херои. Тие спасија животи минатата ноќ“, рече тој.

Мостот Френсис Скот Ки во Балтимор се урна откако еден од неговите столбови беше погоден среде ноќ од контејнерскиот брод Дали, долг речиси 300 метри, кој бил полн со товар и пловел под знаме на Сингапур, но беше изнајмен од данската бродска компанијата Маерск. Секоја можност дека нападот на бродот бил терористички напад е отфрлена, објави ФБИ.

Спасувачите извлекоа две лица од реката Патапско, едното неповредено, а другото во тешка состојба. Се уште се трага по шест лица, изјави гувернерот Браун. Тие најверојатно се дел од градежната екипа која работела на мостот во моментот кога тој се урнал. Во реката паднале и три автомобили и два камиони.

Мостот Френсис Скот Ки, долг 1,6 милји, е крвта на пристаништето Балтимор. Ја премостува реката Потапско, и годишно низ него минуваат 11,5 милиони возила.

Сообраќајот во пристаништето Балтимор е во прекин до натамошно известување.

Затворањето на едно од главните пристаништа на источниот брег на САД се заканува да го попречи снабдувањето со стоки од автомобили до јаглен и други стоки како шеќер. Тоа може да создаде тесни грла и да ги зголеми одложувањата и трошоците, велат експертите.

Можете да прочитате

Првата пратка помош до пловечкото пристаниште во близина на Газа го напушти Кипар

Руте: Демонстрантите на Универзитетот во Амстердам ја преминуваат границата на дозволеното

Кина повеќе не е главен трговски партнер на Германија, ја претекнаа САД