Утрински Весник
Спорт

Се знае кој ја плати милионската кауција за Алвеш да излезе од затвор

78e1a57ac211343e325ba44d352ffc99 900x600 1.jpg

Бразилскиот фудбалски интеранционалец Дани Алвеш плати кауција од 1.000.000 евра и по 14 месеци го напушти затворот во околината на Барселона. Бразиелцот е на условна слобода, судот му ги одзеде пасошите (шпанскиот и бразилскиот), а тој ќе мора еднаш неделно да се пријавува во полициска станица. Потрагата по парите за да се плати потребната кауција вчудоневиде многумина, бидејќи Алвеш кој играше за повеќе големи и богати европски екипи во кариерата заработи и многу пари, но немаше сам да си плати и да излезе на слобода. Пријател му помогнал да ги собере парите за кауцијата, откако пред да почне судењето Нејмар на девојката која беше жртва и плати отштета од 150.000 евра, поради што судот за половина му ја намали казната. Дани Алвеш е осуден на четири и пол години затвор. Најавите дека Нејмар ја платил и кауцијата, експресно беа демантирани. Медиумите сепак открија дека потребните пари за да излезе на слобода за Алвеш ги платил напаѓачот на Атлетико Мадрид, Мемфис Депај. Холандскиот фудбалер и Алвеш играа заедно за Барселона. Депај неодамна проговори за правните проблеми на своите пријатели фудбалери. Проговори за Алвеш, Бенџамин Менди и Квинси Промес. „Луѓето треба да знаат дека имав тешко минато. Брат ми одлежа десет години затвор и едвај го видов. Менди и Алвеш исто така се вмешани во криминални случаи, но тоа не значи дека тие веќе не се мои пријатели“, рече Депај и потоа го спомна Промес: „Не го познавам Квинси како што опишуваат. Не сакам да ги оправдувам нивните постапки или да ги поддржам, но никогаш нема да ги изневерам.“

Можете да прочитате

Мбапе им се обрати на тренерите и навивачите на ПСЖ

Јокиќ го предводеше Денвер до прва победа над Минесота во НБА плејофот

Ѓоковиќ нема сериозна повреда по бизарниот инцидент на Мастерсот во Рим