Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: СДСМ има јасен план за европска Македонија и економски просперитет на државата

Whatsapp Image 2024 03 25 At 20.14.32.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

„Јас сум исклучително горд што после 17 години чекање, благодарение на Владата предводена од СДСМ, успеавме да обезбедиме почеток на преговорите со Европската Унија со заштитен македонски јазик, со заштитен македонски идентитет, со заштитена македонска култура”, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју на вестите на Македонската радио телевизија (МРТ).

Ковачевски потенцираше дека СДСМ има прецизна изборна програма со конкретни мерки и проекти и јасен план за европска Македонија и за економски просперитет на државата. На оваа програма работеа 200 навистина стручни луѓе од сите области. 

„Со програмата на СДСМ 2024 – 2028 ќе продолжи зголемувањето на платите, зголемувањето на пензиите и намалувањето на невработеноста. Ќе продолжи и поддршката на индустријата која не постоеше до 2017 година. Ние првпат ја воведовме и таа поддршка сега ќе биде дуплирана. Ќе ги зголемиме субвенцииите во земјоделството и земјоделското производство. Предвидена е поддршка за младите, за лицата кои првпат влегуваат на пазарот на работна сила”, истакна Ковачевски. 

Осврнувајќи се на постигнатото во претходниот период, претседателот на СДСМ потенцираше дека Владата успешно се справила со најголемата светска и економска криза. Потврда за ова е и анализата на реномираниот Виенски економски институт, според која, Македонија е единствената држава во Источна Европа, која во време на криза успеа да го зголеми животниот стандард на граѓаните.

Можете да прочитате

Една година од убиството на малата Вања Ѓорчевска

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Објавени лауреатите на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година