Утрински Весник
Македонија

Башким Бесими избран за член на Советот на јавните обвинители

Kk 402736.jpg

Јавниот обвинител Башким Бесими е избран за нов член на Советот на јавните обвинители, од редот на јавните обвинители од подрачјето на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Од вкупно 12 јавни обвинители од републичкото Јавно обвинителство со право на глас за Бесими гласале шестмина, додека останатите кандидати Наум Паноски добил четири и Ферат Елези два гласа. Советот е составен од 11 члена, од кои по функција член е републичкиот Јавен обвинител, шест члена ги избираат јавните обвинители на непосредни избори и четворица членови ги избира Собранието. Мандатот на избраните членови на Советот трае четири години со право на уште еден избор.

Можете да прочитате

Прифатена предлог-резолуцијата на ДОМ за регулиран развој на дата-центрите од Европската зелена партија: време е за европски и јасни правила

Дискриминацијата и цензурата на Левица ќе бидат нотирани во европските извештаи, Крмов се сретна со претставници од Европскиот парламент

Втора работна сесија на 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија