Утрински Весник
Македонија

646 санкции за брзо возење

Brzo voze e 1.webp.webp

Во текот на вчерашниот ден (24.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 646 возачи. Од нив 49 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 300 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 346 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта

Можете да прочитате

Почина Владимир Бошковски, долгогодишен професор на Архитектонскиот факултет

Министерството за спорт ќе биде главен покровител на големиот спектакл во ММА борби во Скопје

Државата има премиер и веројатно преговорачки тим, тоа е нивна работа – Јаневска за евентуална понуда да оди во здравство, ако „Вреди“ го добие МОН