Утрински Весник
Македонија

НА КРАТКО СЕ ВРАТИ ЗИМАTA: Делови од регионот под снег, ладниот Атмосферски фронт од север се спушта кон Македонија

E6798eea e7c8 48d1 9479 f2f82b72a715.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Ладниот Атмосферски фронт кој е придружен со обилни врнежи од дожд, снег, силен ветер и локални грмежи веќе зафати голем дел од регионот. Снег има на повеќе места низ регионот, особено во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, каде снег има понекаде и во низините, а тенка снежна покривка на кратко се формираше и во Загреб.

Снежната покривка на планините во овие земји понекаде надминува и 20 сантиметри. Температурите значително се намалија и тие се близу 0 степени на ниските места, а на планините тие се спуштаат и под нулата. Ладниот Атмосферски фронт во текот на претстојната ноќ и утре претпладне ќе ја зафати и Македонија, и истиот ќе предизвика врнежи од дожд, силен ветер (повремено со брзина од над 70 км/час), а во ваква ситуација не се исклучува и можноста за ретки грмежи. Поради брзиот пад на температурите и заладувањето, на планините, особено во западните и во северните предели од државава ќе има врнежи од снег, а снежната граница понекаде би можела да се спушти до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што врнежи од снег на кратко ќе има и во повисоките населени места во западните и во северните предели од Македонија.

До крајот на денов остануваат пролетните температури на воздухот кои на повеќе места ќе достинат и до 15 степени, понекаде тие и ќе надминат 15 степени, додека во најтоплите централни и јигоисточни предели температурите ќе надминат и 20 степени. Утре температурите на кратко ќе бидат во опаѓање и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Можете да прочитате

Савески и Палминтери на средба за зајакнување на соработката во владеењето на правото

Фондот бара решение за техничките проблеми при исплата на породилното боледување

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина