Утрински Весник
Свет

Најмалку 23 загинати во поројните дождови во Бразил

20240324193632 big 730x400 41.webp.webp

Најмалку 23 лица загинаа во Бразил откако викендов поројни дождови ги погодија југоисточните држави Рио де Жанеиро и Еспирито Санто.

Локалната власт во Еспирито Санто денеска соопшти дека од петокот бројот на загинати во државата е 15, а речиси 5.000 луѓе се евакуирани. Тринаесет од смртните случаи се регистрирани во Мимозо до Сул, провинциски град кој се наоѓа на 74 километри јужно од главниот град на државата Виторија.

Властите во Рио де Жанеиро вчера соопштија дека таму загинале осум лица.

Спасувачките тимови во двете држави беа принудени да ја прекинат работата во петокот вечерта поради опасност од лизгање на земјиштето. Спасувачките операции продолжија вчера попладне.

Можете да прочитате

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Тројца мртви во американски напад врз брод за кој имало сомнеж дека шверцува дрога во Пацификот

Нападната воена база во Кувајт, ранети американски војници