Утрински Весник
Свет

Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 137

677z381 dr 1.jpg

Бројот на жртвите во терористичкиот напад на трговскиот центар „Крокус сити“ во Москва се искачи на 137, соопшти денеска Рускиот истражен комитет.

Се додава дека меѓу загинатите има и три деца.

„Истрагата продолжува. До денес се идентификувани 62 тела“, се вели во соопштението.

Повеќе од 150 лица се повредени во терористичкиот напад на трговскиот центар „Крокус сити“ во Москва, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава, во петокот вечерта.

Можете да прочитате

Израел: Подземниот бункер на Али Хаменеи во Техеран нападнат со околу 50 борбени авиони

Околу 1000 луѓе евакуирани од Блискиот Исток со летови поддржани од ЕУ

Трамп до Иран: Единствена опција е безусловна предавање