Утрински Весник
Свет

Папата го осуди терористичкиот напад во Москва: Нечовечки чин што го навредува Бога

Papata Francisk Vo Septemvri Vo Poseta Na Ungari A I Slovachka.jpg

Папата Франциск денеска го осуди терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ ​​недалеку од центарот на Москва и оцени дека тоа е гнасен, злобен чин со кој се навредува Бог.

Папата рече дека ги упатил своите молитви на жртвите од терористичкиот напад,

„Ги упатувам моите молитви до жртвите на гнасниот терористички напад во Москва. Господ да ги прими во свој мир, да ги утеши нивните семејства и да ги преобрати срцата на оние кои вршат такви нечовечки постапки кои го навредуваат Бога“, рече папата Франциск по Мисаta на плоштадот Свети Петар.

Според ажурираните податоци на руското Министерство за вонредни ситуации за Московската област, во терористичкиот напад што се случи во концертната сала „Крокус“ ​​во близина на Москва загинаа 133 лица, а бројот на повредени се искачи на 152, од кои 114 се хоспитализирани.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење