Утрински Весник
Свет

Израел изврши воздушен напад врз упориштето на Хезболах во Либан

2 killed 3 injured by israeli airstrikes in s. lebanon 860x574 1.jpeg

Во саботата Израел изврши воздушен напад врз Баалбек, упориште на шиитските исламисти Хезболах во источен Либан, потврдија денеска два неименувани безбедносни извори во Либан.

Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, либанскиот град Баалбек по трет пат е цел на израелски воени авиони, а нападите во саботата, во кои беа ранети тројца цивили, беа насочени кон локација на Хезболах, која беше напуштена подолго време, пишува Тајмс оф Израел.

„Израелските воени авиони истрелаа пет проектили врз двокатна станбена зграда во Ал-Осеира, на периферијата на Баалбек. Во тој напад беа ранети три лица“, потврди локалниот функционер Башир Кодр на својот налог X.

Хезболах денеска соопшти дека како одговор на бомбардирањето на градот Баалбек, бил извршен напад врз израелската ракетно-артилериска база во Јоав и Каила со повеќе од 60 ракети.

Можете да прочитате

Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа