Утрински Весник
Македонија

(Во живо) Ковачевски од Конгресот на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема собрано валидни потписи за Силјановска

KovachevskiK.jpg

Во обраќањето на 28. Конгрес на СДСМ претседателот на партијата Димитар Ковачевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема собрано валидни потписи за нивната кандидатка за претседател Гордана Силјановска Давквоа.

„Самите се фатија во сопственитие лаги. ВМРО-ДПМНЕ нема собрано валидни потписи за кандидатурата и затоа ја поднесоа со потписи од 40ина пратеници. Нашите Општински организации за Пендаровски за половина ден собраа 22.000 потписи и ги поднесовме во ДИК“ рече Ковачевски.

Според него ВМРО-ДПМНЕ сака на голема врата да ги врати соработниците на Никола Груевски, а тоа се покажало и со носителите на листите на партијата на претстојните избори.

Можете да прочитате

МИСТЕРИЈА ВО КОЧАНИ: Дрон двапати влетал во спална соба – семејството тврди дека ги снимал додека спиеле

Мицкоски: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

ДУИ: Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница