Утрински Весник
Македонија

Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата во Скопје

Foto 4 1.jpeg

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Отворениот ден на Армијата, што како дел од активностите по повод 4-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата, го организираа Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.

На отворениот ден беа изложени дел од воената опрема, технологија и возилата на Армијата, вклучувајќи ги и новите JLTV оклопни возила, а свој настап имаше и воениот оркестар. Припадниците на армијата ги прикажаа нивните алпинистичките вештини и беше изведена показна вежба со армиските кучиња.

Претседателот Пендаровски посочи дека ова е одлична можност граѓаните непосредно да се запознаат со најновата опрема и возила со кои располага нашата Армија.  

Тој им честиташе на армиските припадници за професионалноста и изрази поддршка на континуираното опремување и модернизација на вооружените сили, додавајќи дека подготвеноста и ефикасноста на армијата е од клучно значење за сигурноста и безбедноста на граѓаните. 

Можете да прочитате

Штипјанка претепана од сопругот заврши во болница

Евакуираните македонски државјани од Израел ќе пристигнат вечерва во Скопје

Административните службеници во градинките бараат зголемување на платите