Утрински Весник
Македонија

Таравари повтори дека ќе го даде печатот за сопартијците од фракцијата да не бидат на иста листа со ДУИ и ДПА

1707992878 D182d0b0d180d0b0d0b2d0b0d180d0b8 D0bdd0b5d0bcd0b0 D182d0b0d0bad0bed0b2 D184d0b0d0bad182d0bed180 D0bad0bed198 D0bcd0bed0b6d0b5 D0b4d0b0 63cd8c171e9c3.jpeg

Кандидатот за претседател на Коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари од Тетово денеска повтори дека на фракцијата во неговата партија Алијанса за Албанците ќе им даде печат за да направат листа, само за да не одат со ДУИ. Тој вели дека има постапка за тоа кој го има легитимитетот во партијата, а тврди дека некој прави притисок.

-Јас им кажав дека не би сакал да биде причина тоа што печатите не се кај нив јас можам и тврдам и стојам, ако сакаат и сами да излезат на избори. Нека ми ги донесат само листите јас ќе ги потпишам за да излезат сами, на крајот на краиштата граѓанинот е суверен и кажува кој колку вреди. Јас искрено не би посакал моите сопартијци да бидат на иста листа со Мендух Тачи и со Али Ахмети. Два пати се менуваат судии, два пати се изземаат судии, ми се чини бараат да им се падне судија кој што им одговара. Не знам зошто за судија што го зел предметот да барате изземање, не ми изгледа логично но според информации има страшни притисоци и во судот во Тетово. Едната судијка не била добра, но зошто и од втората се бара изземање, порача Таравари.

 Кандидатот за претседател на Коалицијата „Вреди“ , Арбен Таравари во Тетово одржа трибина на тема „Иселување на младите“.

Приврзаниците на Зијадин Села од Алијанса за Албанците преку соопштение ги осудија изјавите, за „граѓанскиот“ Устав и бришењето на етничките заедници од Уставот, кои според нив се промовирани од ВМРО-ДПМНЕ, а сега веќе пласирани од Арбен Таравари.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор