Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Шолц и Камерон го осудија терористичкиот напад во концертната сала во Москва

Screenshot 2024 03 23 115057.png
300x250 opst2

Германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон го осудија терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва. Шолц на платформата „Икс“ напиша дека го осудува терористичкиот напад врз недолжните посетители на концертот во Москва. „Нашите мисли се со семејствата на загинатите и повредените“, рече Шолц. Камерон на платформата „Икс“ напиша дека такво „ужасно насилство“ не може ништо да оправда. Камерон изрази сочувство до семејствата на жртвите. Според досегашните податоци, во терористичкиот напад загинаа 93 лица, а повеќе од 100 се повредени, соопшти Рускиот истражен комитет.

Можете да прочитате

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД

Бура во Мексико: Над 20 загинати лица