Утрински Весник
Македонија

Со Сајкоски во „петка“, ВМРО-ДПМНЕ го комплетираше списокот на носители, СДСМ утре на конгрес ќе ги потврди носителите и кандидатите за пратеници

Vmr sdsm.jpg

Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски ќе биде носител на листата за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Изборната единица 5 на парламентаните избори. Ова денеска го изјави потпретседателот на партијата Александар Николоски

Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ ги комплетираше носителите во сите шест изборни единици, откако претходно потврдено беше дека Христијан Мицкоски ќе биде во првата, Владо Мисајловски во втората, Драган Ковачки во третата, Александар Николоски во четвртата и Дафина Стојаноска во шестата изборна единица.

Во „петката“, на Сајкоски, од СДСМ најверојатно како носител ќе му се спротивстави актуелниот спикер на Собранието, Јован Митрески кој доаѓа од Струга.

Владејачката партија утре на конгрес ќе ги избере носителите, но и сите кандидати за пратеници во сите шест изборни единици. Она што засега е извесно е единствено дека лидерот на партијата Димитар Ковачевски ќе биде носител во првата изборна единица.

Можете да прочитате

Алиша до Владата: Ни ветувавте повеќе, сега ни го скративте животот

Скратени часови за лична асистенција: Семејствата оставени сами со најтешките обврски

Алиша со предизвик до градоначалниците: Возете се со затворени очи за да видите како „преживуваат“ слепите