Утрински Весник
Македонија

Вчера казнети 173 возачи за брзо возење

1707037073 prekrshoci.webp.webp

Во текот на вчерашниот ден (21.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 82 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Можете да прочитате

СДСМ: Јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар, кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

15 годишно дете на мотоцикл повредено во сообраќајка во Охрид

Функционери се напија вода од чешма во Гостивар