Утрински Весник
Македонија

Студено утро, преку денот претежно сончево

Picture 971.webp.webp

Времето денеска изутрина ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени Целзиусови. И во Скопје наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. До недела ќе се задржи стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура. Во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

Можете да прочитате

Левица: Режимската Влада склучи тендер од 26,4 милиони евра за софтвер за следење и контрола на јавниот глас

Муцунски од Мала Преспа: Преку конкретни проекти ќе продолжиме да ја јакнеме врската со дијаспората

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство