Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Над 300 лица без положен возачки испит откриени и санкционирани во тетовско и 115 во гостиварско

58397356 resize 820x0x100.jpg
300x250 opst2

Во изминативе нешто повеќе од два и пол месеци од годинава, заклучно со денеска (19 март), на поширокото тетовско подрачје вкупно се откриени и санкционирани 300 лица кои ги управувале возилата без претходно положен возачки испит.

Триесетина од нив биле малолетници, кои претежно управувале патнички моторни возила, сопственост на нивни родители или блиски. На сите им биле изготвени предвидените поднесоци со парична глоба од 250 евра во денарска, а со толкава глоба ќе се соочат и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека не го положиле возачкиот испит.

Во истиот период на гостиварското подрачје адекватно биле санкционирани 115 лица без возачки дозволи, од кои 8 биле малолетници.

Можете да прочитате

Филипче од Радовиш: Откупните цени никогаш не биле пониски, ДПМНЕ го обезвредни трудот на земјоделците

Мицкоски: Филипче ја доведе СДСМ до тоа дереџе во некои општини да биде трета, а некаде и четврта партија

Синдикат на полицијата протестира поради неетички изјави на обвинители во истрагата за пожарот во „Пулс“