Утрински Весник
Балкан

Стејт департмент бара час поскоро да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина за динарот

Screenshot 2024 03 20 084906.png

Стејт департментот смета дека дијалогот со поддршка на ЕУ е вистинскиот канал за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и дека дискусиите за динарот треба да продолжат што е можно поскоро, изјави ззаменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател. Тој на синоќешната прес-конференција ги поздрави разговорите на делегациите на Србија и Косово предводени од Петар Петковиќ и Бесник Бислими со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак. Пател ја повтори загриженоста на Вашингтон поради декретот за ограничување на увозот и употребата на српскиот динар во Косово и повторно ги повика Белград и Приштина да ги деескалираат тензиите. Тој нагласи дека ставот на САД е дека разговорите треба да продолжат итно.

Можете да прочитате

Страшен пожар во Омиш, Хрватска, изгореа куќи и автомобили

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар

Турската централна банка ги ревидираше очекувањата: Инфлацијата во 2026 година ќе достигне 28 проценти