Утрински Весник
Магазин

Моника Белучи ја откри тајната на својот беспрекорен изглед

D0bcd0bed0bdd0b8d0bad0b0 d0b1d0b5d0bbd183d187d0b8 d0b8 d0bdd0b5d198d0b7d0b8d0bdd0b8d182d0b5 4 d0bfd180d0b0d0b2d0b8d0bbd0b0 d0b7d0b0 d183 63dc3cde8df59.jpeg

Моника Белучи и на самиот праг од седмото десетлетие од својот живот има совршена фигура, па ја открива тајната на својот изглед што, според многумина, сѐ уште е на незавидно ниво.

Италијанската глумица, имено, истакна дека не практикува вежбање, освен пливање и јога коишто едвај се вклопуваат во нејзиното напорно секојдневие, но јаде умерено. Таа, на пр., плива четири пати неделно по 45 минути и е убедена дека тоа е најдобриот начин да се одржи во форма.

– Јас сум како ајкула – постојано движење, па морам некако да преживеам. Понекогаш, сепак, за свое добро жената мора да најде начин да се одмори и да биде мрзелива. Мислам дека тенкото тело не е еднакво на убавината. Јас сум жена и имам облини. Мрзелива сум, никогаш не одам во вежбалници… Сакам чоколадо и тестенини и честопати одам во ресторани со моите пријатели. Не сум опседната со слабото тело. Сексапилноста не е секогаш младо и затегнато тело, вели Белучи.

Таа, вели, се труди да не се лишува од храна, туку ги ограничува порциите. Следи пример од нејзиното мени. Појадок: 150 мл. јогурт со парчиња јаболко; Ручек: 200 грама варено говедско месо, 200 гр. зелена салата со една кафена лажичка маслиново масло, една кришка пченкарен леб; вечера: Мала чинија бобинки, 150 гр. варен ориз со една лажица маслиново масло и 50 гр. преработено сирење, 150 гр. салата од зеленчук или овошје. 

Можете да прочитате

Лазаров најавува второ издание на Lazarov Awards во засилување со Игор Џамбазов

Дневен хороскоп за 05 март 2026

Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници