Утрински Весник
Македонија

Промоција на книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“

20240318163959 Big 730x400 51.webp.webp

Во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, вечерва во 19 часот ќе биде промовирана книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“. Текстовите на Шопов, прв пат објавени во книга, ќе ги интерпретира Никола Ристановски, а промотор е Владимир Мартиновски. 

Промоцијата е организирана во соработка со издавачката куќа „Антолог“.

Кон промоцијата се приклучуваат и Националната опера и балет, ФлипБук Фестивалот на анимирани филмови и Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), со сегменти од нивните уметнички продукции врзани за Шопов, во рамки на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“.

Насловната корица на книгата е авторство на Марко Трпески, а графичкото уредување на Бобан Здравковски Андреевски. 

Можете да прочитате

Два случаи на физички напад врз малолетнички од страна на родител

За една недела 25 заболени од голема кашлица, хоспитализирани пет деца

Двајца осуденици барани со потерница вратени во затвор