Во дербиот на Западот, Далас го совлада актуелниот шампион во кошаркарската НБА-лига, Денвер со 107:105. Во интересен и неизвесен меч победникот беше решен во последната секунда, со кош на Кајри Ирвинг. Домашниот тим на Далас имаше предност од 13 поени во последната четвртина од мечот, но Денвер се врати и поведе со 105:102, по што Лука Дончиќ постигна тројка пред Ирвинг да погоди чудесен кош за победа. За победничкиот кош на Ирвинг постигнат со звукот на сирената долго ќе се зборува. Ирвинг успеа да погоди од линијата за слободни фрлања и тоа преку Никола Јокиќ. Освен што предизвика големо воодушевување, тој кош сега е и предмет на полемика дали е регуларен. Се појавија снимки и тврдења дека е нерегуларен. На снимките се гледа дека Ирвинг, гази на аут-линијата, но тие се матни, па не може да јасно да се забележи дали со дел од патиката навистина е во аут. Судиите не го разгледуваа случајот, па се чека реакцијата на НБА.