Утрински Весник
Балкан

Продолжува конститутивната седница на Собранието на Србија

20240318091808 Big 730x400 65.webp.webp

Пратениците во српскиот Парламент денеска ќе ја продолжат конститутивната седница.

На продолжението на конститутивната седница треба да се изберат претседател на Собранието, негови потпретседатели и членови на работните тела.

Претходно во собраниска процедура влезе предлогот за избор на поранешната премиерка Ана Брнабиќ за претседател на Собранието.

Во предлогот потпишан од пратениците на владејачкото мнозинство пишува дека Брнабиќ завршила факултет во Велика Британија, дека пред да стане премиер и да ја извршува таа функција во последните три мандати била министерка за државна управа и локална самоуправа, дека учествувала во основањето на Наледа и Фондацијата Пексим.

Треба да се изберат и шест потпретседатели на Собранието, како што е договорено на консултациите.

Се очекува да биде именуван генерален секретар на Собранието, да се изберат членови на работни тела и членови на постојани парламентарни делегации во меѓународните институции.

Новиот претседател на Собранието на Србија треба да распише избори за градската власт на Белград, кои, според најавата на претседателот Александар Вучиќ, би се одржале на 2 јуни.

Можете да прочитате

Свеќи од роденденска торта предизвикаа пожар во кафуле во Атина

Ја удрил „ситроен“, па ја прегази „бмв“: тешко повредена жена во Белград

Српскиот премиер тврди дека сите што се виновни за падот на настрешницата ќе бидат кривично гонети