Утрински Весник
Спорт

Барса го расипа дербито на „Ванда Метрополитано“

222276 nishto od derbito barsa go raznese atletiko srede madrid video.jpg

Актуелниот фудбалски шампион на Шпанија, Барселона во дербито на 30. коло од Ла-лигата го преслуша како гостин Атлетико Мадрид (0:3) и се проби на втората позиција во трката за одбрана на титулата, каде засега сигурен лидер е лутиот ривал Реал. Каталонците за овој дуел ги немаа на располагање Педри, Де Јонг, Балде, Феран Торес, Кансело, а пред самиот натпревар отпадна и Кристенсен, но тоа не беше проблем за избраниците на тренерот Чави Ернандес да одиграат добро и да му го нанесат првиот пораз сезонава на Атлетико на „Ванда Метрополитано“. Барселона со играта и резултатот го расипа очекуваното дерби на „Ванда Метрополитано“. Победата беше најавена во 38 минута кога Гундоган и Левандовски подготвија прилика за Жоао Феликс кој го матираше Облак, голманот на „својот клуб“ од каде на „Камп Ноу“ пристигна како позајмен играч.

На стартот од вториот дел, во 47 минута Левандиовски зголеми на 2:0, а Полјакот во 65 минута му асистираше на Фермин Лопез за 3:0.

Можете да прочитате

Анчелоти: Нејмар е подготвен да ги одигра сите 90 минути против Шкотска

Мининални победи на Хрватска и Колумбија

Португалија убедлива против Узбекистан, Роналдо испиша историја