Утрински Весник
Македонија

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Снежана Калевска Ванчева

D0b2d0bcd180d0be D0b4d0bfd0bcd0bdd0b5 D181d0b4d181 D0b4d0b0 D0bdd0b5 D0bcd0bed0bbd187d0b8 D0b4d0b0 D0bad0b0d0b6d0b5 D0b4d0b0d0bbd0b8 63cba56de5fb1.jpeg

Пензионерите најмногу ги чувствуваат штетните последици од лошото владеење на СДС и ДУИ, економската катастрофа и високата инфлација поради која едвај го поминуваат месецот.

Реалноста е дека со оваа власт на повеќето пензионери парите од пензиите не им се доволни ни за храна и сметки кои значително поскапеа, а камо ли за лекови кои им се неопходни.  Впрочем да им беше убаво на пензионерите немаше да протестираат и да бараат денар повеќе за да преживеат.

И додека СДС лажат и манипулираат мислејќи дека постои некој кој ќе им поверува, пензионерите не може достоинствено да ги живеат своите пензионерски денови и се борат за гол живот и она што им следува. Од тие лаги на СДС пензионерите видоа само полош живот и сиромаштија.

За среќа, на тоа му доаѓа крај и за брзо доаѓа нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе го врати достоинството на пензионерите, нуди реална помош и пензиите ќе се зголемат линеарно за 5.000 денари во рок од една година.

Ниедна лага нема да ги спаси СДС од огромниот пораз кој ќе им се случи на 8 мај.  Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Можете да прочитате

Од полноќ намалување на цените на горивата

Од полноќ намалување на цените на горивата

Ковачевски: Од минималната плата од 8 илјади во 2017, сега стигнавме до 24 илјади денари