Утрински Весник
Магазин

Закони против тн. „евтина мода“ првичнo одобрен во француското Собрание

20240315124616 Big 730x400 8.webp.webp

Долниот дом на француското Собрание поддржа неколку законски мерки со коишто таканаречената „евтина мода“ ќе биде помалку привлечна за купувачите. Тука се има предвид онаа облека од кинеските масовни производители, меѓу другото.

Францускиот министер за еколошка транзиција, Кристоф Беши изјави дека Франција е првата земја во светот што донесе закони за ограничување на „ултра-евтината“ мода, пренесе порталот „Франс-24“.

Свое мислење за Законите треба да даде и Сенатот пред тој да стапи во сила. Врз основа на овие Закони, инаку, од следната година се предвидува забрана за рекламирање на најевтиниот текстил, како и еколошка такса од пет евра по ставка. До 2030 година таа треба да се зголеми на 10 евра, но надоместокот не може да надмине 50 отсто од цената на производот. Главните аргументи што ги изнесе централно-десничарската партија Хоризонти, којашто го поднесе предлог-законот, се поврзани со заштитата на животната околина.

– Текстилната индустрија најмногу ја загадува животната средина… Овој сектор е одговорен за 10 отсто од испуштените стакленички гасови и е главен загадувач на водите, рече заменик-претседателката на Хоризонти, Ан-Сесил Виолан.

Модата од високата класа е битна за француското стопанство, благодарение на водечките светски луксузни брендови како што се „Луј Витон“, „Шанел“, „Хермес“, „Диор“. 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста