Комесарот за натпревари при Кошаркарската федерација на Македонија, Александар Милојевиќ регаираше експресно по вчерашниот недоигран натпреавр во Чаир, каде поради наводен физички напад на полувремето гостинскиот тим МЗТ Скопје не излезе да го доигра мечот, и одлучи истиот да се доигра во истата сала, но без присуство на гледачи. По првото полувреме мЗТ Скопје имаше предност од два коша (44:42). Актуелниот првак МЗТ Скопје за неизлегувањето на паркетото е казнет парично со 30.000 денари. Домаќинот Чаир поради слаба организација ќе треба да плати 40.000 денари, додека техничкиот претставник Алајдин Мустафа е казнет со 20.000 денари и суспензија до крајот на сезоната. Чаир доби забрана и за поставување на ВИП столчиња. Натпреварот треба да се доигра во рок од 48 часа.