Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Вложени 45 милиони денари за реконструкција на станиците во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и Кривогаштани

1 2.jpg

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари работни средби со раководствата на СВР Битола и Одделенијата за внатрешни работи во Прилеп и Крушево во рамки на серијата посети што ги реализираме во сите сектори ширум земјава како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.  

Од страна на раководството на СВР Битола Бојмацалиев беше брифиран за постигнатите резултати на оваа организациска единица, при што беше оцененат безбедносната состојба како поволна и без поголеми нарушувања на ЈРМ.

„Изминативе шест години на подрачјето на СВР Битола реконструирани пет објекти и тоа: СВР Битола, ОВР Прилеп, ОВР Ресен, ОВР Крушево и Полициско одделение Кривогаштани кои беа со децении запоставени. За сите посочени пет објекти издвоивме средства од Буџетот на МВР во износ од 45 милиони денари кои според сегашниот квалитативно видоизменет градежно-инфраструктурен облик целосно ги задоволуваат бараните критериуми за непречено функционирање на полициските служби во интерес на подобрување на услугите на граѓаните од овој регион”, рече Бојмацалиев, со уверување дека вработените од СВР Битола ќе продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски Изборен процес што ни претстои наредниов период.

За време на посетата на Крушево, Бојмацалиев оствари средба со градоначалникот Томе Христовски на којашто ја констатиравме одличната соработка меѓу полицијата и локалната самоуправа, во насока на безбеден изборен процес. По средбата, Бојмацалиев го посети и вечното почивалиште на Тоше Проески каде што положи цвеќе во знак на почит на прерано загинатата музичка ѕвезда.

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?