Утрински Весник
Балкан

Во БиХ уапсен ученик кој на ТикТок најави дека денеска ќе изврши масакр во училиште

A49a21f5 8c9a 48e1 Bdda 11a74277cb41.webp.webp

Полицијата уапси 17-годишник од источна Херцеговина кој се заканувал дека ќе изврши масакр врз негови врсници во средното училиште во Требиње и на крајот ќе се самоубие, што го објави на социјалната мрежа ТикТок.

Како што информираа денеска од полицијата во Требиње, синоќа недолго откако полицијата добила дојава дека едно лице „подготвува терористички напад врз средно училиште во Требиње“, синоќа е уапсен младиот Р.Т.(17) од Билеќа. Се додава дека при претресот на куќата што ја користел малолетникот, пронајдени се предмети кои може да се доведат во врска со извршување на кривично дело.

Би апелирале до сите родители да внимаваат што прават нивните деца на Интернет, како се однесуваат, како и на кој начин и за какви цели ги користат социјалните мрежи“, соопшти денеска полицијата во Требиње. Се додава дека учениците никогаш не биле во животна опасност бидејќи полицијата брзо реагирала.

И покрај тоа, во повеќето училишта во Требиње денеска забележително е помал бројот на деца кои доаѓаа на настава по дојава за опасноста. Медиумите јавуваат дека младиот човек го објавил својот план за напад за време на разговор во живо на ТикТок. Објавил и список од 12 учении кои планира да ги ликвидира, а 23 би повредил.

На видеото се гледа дека тој во тетратка нацртал скица од училиштето со прецизен распоред на просториите, како и список на убиените по соба. Медиумите јавуваат дека полицијата при претресот на куќата го пронашла тефтерот. За време на најавата во живо, тој го покажа и пиштолот со кој го планирал нападот.

17-годишникот планирал да го изврши нападот утрово, а по масакрот најавил дека ќе се самоубие. Поради тоа полицијата синоќа итно реагираше. Медиумите наведуваат и дека младиот човек признал дека го направил контроверзниот план за масакрот и дека објавил се на социјалната мрежа, но дека сето тоа било само шега.

Началникот на полициската управа во Требиње, Синиша Лакета изјави дека малолетникот се товари за тероризам, а за квалификацијата на тоа дело обвинителот ќе одлучи по распит на осомничениот.

Можете да прочитате

Српскиот премиер тврди дека сите што се виновни за падот на настрешницата ќе бидат кривично гонети

СИРИЗА избра нов лидер – 24info.mk

Во Србија продолжува штрајкот на вработените во образованието