Утрински Весник
Македонија

Расчистени четири разбојништва во Скопје, одреден притвор за разбојникот 

Apsenje pritvor.jpg

На 13.03.2024 во Скопје, полициски службеници од  Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.И.(32) од Скопје, кој бил баран поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво” на територијата на Скопје.

Денеска (14.03.2024) СВР Скопје –  ЕВР Карпош – Одделение за криминалистички работи Карпош до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ш.И. поради постоење основи на сомнение за извршени четири кривични дела „разбојништво”, казниво по член 237 од Кривичниот законик.

Од судија на претходна постапка на Ш.И. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

Од Србија екстрадиран Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец

Алиу: Денес го направивме еден од најважните чекори за модернизација на македонското здравство

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран