Утрински Весник
Македонија

Пациенти добија срце, црн дроб и бубрези од починат донор во Македонија

430103009 812969607526590 5948511187254616297 n.jpg
Dik 300x250 mk

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден направена е уште една мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива.

Министерот Демири упатува огромна благодарност до семејството на донорот коешто се одлучи да ги донираат органите од нивниот близок и притоа да спасат најмалку 4 животи.

„По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот. Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас не прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, истакнува Демири.

Од 2020 година досега трансплантирани се 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскено ткива, вкупно 77 органи што живот значат.

Можете да прочитате

Мицкоски: Засега нема реконструкција на Владата, заминувањето на Меџити не значи дека ВРЕДИ ќе добие министер плус

Пожар над селото Арнакија во општина Сарај

Приведни петмина прилепчани за кражба на огревно дрво