Утрински Весник
Македонија

Земјотресот во Црна Гора почуствуван во северните и југозападните делови од земјава

D0b7d0b5d0bcd198d0bed182d180d0b5d181 D0b2d0be D198d0b0d0bfd0bed0bdd0b8d198d0b0 63cba54757d34.jpeg

Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала е почуствуван рано изутрината во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Охрид, Струга и Ресен, а со интензитет од III степени во Скопје, Куманово и Велес.

Епицентарот на земјотресот бил 247 километри северозападно од Скопје, во Црна Гора, со Рихтерова локална магнитуда ML5.3, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот нема предизвикано значителни материјални штети.

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње