Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Крај за манипулацијата со цените

Img 4029.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Се штитат граѓаните од неетичко однесување на трговците, неправедно зголемување на цените и се заштитува нивниот животен стандард и се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи“, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори фатмир Битиќи.

Битиќи појаснува дека со овој закон „се регулираат 26 нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

„Со примената на законските одредби нема да се дозволи да се користи моќта на некоја голема компанија која ќе има екстра маржа, при тоа користејќи производи на другите компании, а целиот тој товар да оди на грбот на нашите сограѓани. Очекуваме да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите“, посочува вицепремиерот.

Според Битиќи суштинска новина е што надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои надоместоци сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика.

Битиќи појаснува дека законот ја зголеми предвидливоста и сигурноста за работа и на добавувачите и на купувачите.

„Република Северна Македонија е единствена земја во регионот која со овој закон се приближува кон легислативата на земјите членки на Европската Унија, бидејќи истиот е резултат на директива на ЕУ, дополнително е чекор напред кон зацврстување на компетитивноста на домашниот пазар преку креирање на предвидлива и фер бизнис клима“, укажува Фатмир Битиќи за Законот за нефер трговски практики којшто на денешната собраниска седница беше изгласан со 82 гласа – за.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен