Утрински Весник
Спорт

Борусија Дортмунд е седмиот четвртфиналист, а за последниот во Мадрид Атлетико и Интер играат продолженија

Dortmund so psv.jpg

Германскиот фудбалски бундеслигаш Борусија (Д) го елиминира холандскиот ПСВ во осминафиналето од Лигата на шампионите со триумф од 2:0 во Дортмунд и стана седмиот учесник во четвртфиналето. Претходно пласман во четвртфиналето обезбедија: Арсенал, Барселона, ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер сити и Баерн Минхен. Првата средба во Ајндховен, меѓу Борусија и ПСВ заврши без победник (1:1). На вториот вечерашен натпревар во Мадрид, за последниот патник во четвртфиналето Атлетико и Интер играат продолженија. Во регуларниот дел шпанскиот тим со резултаски пресврт ја анулира предноста на италијанскиот калчолигаш (2:1) од првиот меч (1:0).

Санчо со погодок во 3 минута ја најви победата на „милионерите“, а печат во 96. минута стави Марко Ројс.

Атлетико на „Ванда Метрополитано“ се врати со погодоците на Гризман и Депај, откако Интер прв поведе со голот на Димарко.

Ждрепката за двојките од оваа рунда е закажана за в петок во Нион, седиштето на УЕФА.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина