Утрински Весник
Свет

САД нема да ја менуваат нуклеарна доктрина по изјавите на Путин

Screenshot 2024 03 13 224544.png

САД нема да ја менуваат својата нуклеарна доктрина по најновите изјави на Владимир Путин во однос на нуклеарното оружје, изјави денеска службеник во администрацијата, пренесуваат американските медиуми. Во изјавата се истакнува дека Вашингтон не гледа никакви признаци за тоа дека по тие коментари Русија се спрема да примени нуклеарно оружје во Украина. Според службеникот, „како што изгледа Путин ја пренесува руската нуклеарна доктрина според која Русија може да примени нуклеарно оружје ако е под закана се најде нејзиниот суверенитет. Портпаролот на Советот за национална безбедност Едријан Вотсон изјави дека „нуклеарната реторика на Русија беше и останува безрасудна и неодговорна во текот на целиот овој конфликт“. -Русија жестокот ја нападна Украина без провокација или оправдување и ние мораме да продолжиме да ја подржуваме Украина затоа што таа го заштитува својот народ и својота суверена територија од руската агресија, изјави Вотсон. 

Можете да прочитате

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7

Во Бејрут прекин на наставата во училиштата и универзитетите до крајот на декември