Утрински Весник
Свет
Img 7972

Варшава ќе потроши 30 милиони долари на засолништа од бомбардирање

Varsava.jpg
Img 7972

Варшава ќе потроши 30 милиони долари за изградба на засолништа од бомбардирање и други безбедносни мерки, во пресрет на третата година од војната во Украина, изјави денеска градоначалникот на Варшава, Рафал Чашковски.

Иако Полска им кажува на своите граѓани дека членството во НАТО алијансата ги обезбедува, актуелните настани во Украина поттикнаа подготовки за потенцијални напади.

Часковски изјави дека во Варшава се пронајдени околу седум милиони квадратни метри кои можат да служат како засолништа и најави дополнителни инвестиции во иднина.

Болниците ќе бидат подготвени за закани, а јавноста ќе се едуцира како да се однесува во случај на опасност.

Во 2022 година, полската влада објави дека противпожарните служби ќе ја проверат состојбата на 62.000 засолништа од бомбардирање низ целата земја.

Можете да прочитате

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир

Европратениците ги отфрлија иницијативите за недоверба на Европската комисија

ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа