Утрински Весник
Магазин

Домашно средство за чистење бањи и кујни

Limoni.jpg

Бидејќи бањата и кујната се користат секојдневно во животот, тоа се простории на коишто им треба и секојдневно одржување. Тоа значи – покрај редовното бришење, плочките и вообичаените фуги повремено треба да се чистат и подлабоко.

Особено фугите може многу да се извалкаат по долга употреба. И, иако многу домаќинки и домаќини користат комерцијални хемиски средства за чистење на рабовите, се чини, тие не се најдобриот избор, според познавачите. Овие средства за чистење оставаат многу органски соединенија што може да бидат штетни, пред сѐ – за човековото здравје.

Како што објави порталот „Кликс“, наместо тоа, потребни се само две едноставни состојки за чистење на тврдата фугијална смеса. Се работи за пена за бричење и сок од лимон.

Имено, во филџан пена за бричење се додаваат неколку лажици сок од лимон. Количината на тоа домашно направено средство зависи од големината на просторот. Но, задолжителен е едноставна крема за бричење без гелови, навлажнувачи или други додатоци.

Таа смеса за чистење се премачкува на плочките. Се остава да отстои неколку минути, па површината се трие со четка за чистење или стара четка за заби. Потоа се плакне со топла вода. Можеби ќе треба и да се повтори овој потфат, заради поголема чистота.

Важно: Смесата од крема за бричење и сок од лимон се користи само на плочки коишто не се од природен камен. Чистењето камен со сок од лимон предизвикува штета. Пената за бричење, исто така, не е поволна за природниот камен, бидејќи содржи соединенија што може да го обојат каменот и да го разјадат.

Совет: Секогаш пред чистење површина со овие состојки, прво испробајте го на незабележливо место. Ова е поради проверка пред чистењето на цел под. 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста