Утрински Весник
Свет

Жител на Ново Мексико почина од чума

20240313091820 big 730x400 93.webp.webp

Еден жител на Ново Мексико почина од чума, што е прв смртен случај од оваа болест во државата од 2020 година, јавува Еј-Би-Си Њуз, повикувајќи се на здравствени власти.

Маж кој живеел во округот Линколн, во југоисточниот дел на државата, починал во болница, соопштија од Одделот за здравство на Ново Мексико. Сепак, тие не го открија името на мажот, возраста, расата и етничката припадност.

Чумата може да се лекува со вообичаени антибиотици, а шансите за целосно закрепнување се поголеми ако пациентот рано побара медицинска помош.

Одделот за здравство соопшти дека ќе биде спроведена еколошка проценка на заедницата за да се утврди ризикот од чума. 

Можете да прочитате

Трамп го обвини Техеран за нападот врз женското училиште во Иран со над 160 жртви

Најмалку 24 лица повредени во судар на германски автобус и автомобил во Австрија

Трамп формираше воена коалиција против нарко-картелите