Утрински Весник
Македонија

(Фото/Видео) Наместо Извод од книга на венчани, на синот на Јакимовски му дале Извод од книга на умрените

Bb3410df 6299 4c78 9016 907c60e534fb.jpg

Градоначалникот на општина Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски и неговото семејство се нашле во незавидна и шокирачка ситуација, откако во редовна процедура се обиделе да извадат Извод од матичната книга на венчани лица.

Имено неговиот син и неговата снаа поднеле барање до Управата за водење на матичните книги да им се издаде Извод од матичната книга на венчани лица.

Но вистински шок следел откако бил изготвен документот, а семејството Јакимовски наместо документот што го барало, добило Извод од матичната книга на умрени лица, со датум од претходната година.

„Денот кога била правена нивната свадба е ставен како ден на нивната смрт. Можете ли да замислите овие млади луѓе, секоја година на што ќе ги потсетува годишнината од нивната свадба и вом каков шок сега се наоѓаат? Оваа прес конференција што сега ја држам е уште една потврда зошто младите ја напуштаат Македонија. Не од економски причини, туку од лошо водење на институциите во државата. Јас сум длабоко убеден дека овој перспективен и талентиран кадар со име Дијана Антонијевиќ е вработена или од штабот на СДСМ или од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Целата наша администрација е наполнета со нивните кадри и во зависност од тоа дали се власт или опозиција нив државата не им чини а всушност не чини заради такивте кадри“ изјави Јакимовски додавајќи дека ова е дополнителна причина зошто тој се кандидирал за претседател на државата.

Можете да прочитате

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер