Утрински Весник
Македонија

Џентелменски потег од Пендаровски – подадена рака и срдечен поздрав со Силјановска Давкова

20240312101842.jpg

Предизборниот период главно е полн со валкана, црна кампања, каде што политичарите и политичките партии не се штедат во нападите кон противниците.

Сепак, вчера јавноста сведочеше на еден потег кој ја враќа вербата во високиот степен на политичка, но пред се општа човечка култура.

Вчера, на Комеморативната вечер во Музејот на холокаустот што се одржа синоќа во спомен на македонските Евреи, на кратко се сретнаа двајцата најсериозни кандидати за претседател на државата, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова,

Пендаровски ја искористи приликата и средчно се поздрави со неговата противкандидатка Силјановска Давкова, момент што беше „фатен“ од фоторепортерите, а Пендаровски оваа фотографија ја објави на својата официјална фејсбук страница.

„Комеморативна вечер во спомен на македонските Евреи кои на 11 март 1943 година биле депортирани во Треблинка. Чувајќи ги спомените за жртвите, не смееме да дозволиме злосторниците да бидат славени, а соучесниците рехабилитирани. Бидејќи на тој начин би учествувале во она што Примо Леви го нарече војна против меморијата и фалсификување на историјата.

Ние не смееме да дозволиме фалсификување на вистината за холокаустот на македонските Евреи бидејќи компромисот со вистината отвора можност за повторување на злосторствата“, напиша Пенадровски на фејсбук под објавените фотографии.

Можете да прочитате

Меџити: Трансформацијата на коалицијата „Влен“ во партија почнува од наредната недела

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме!

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество