Утрински Весник
Македонија

Сомнителна руска фирма се обидела да добие тендер на Министерството за одбрана

382842355 1065265221462956 7510283279814555690 N.jpg

Од Министерството за одбрана вчера на брифинг со новинарите информираа за случај во кој сомнителна фирма со руски капитал се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството.

Фирмата, како што пренесува МИА од брифингот во присуство на министерката Славјанка Петровска, била регистрирана во земја членка на Европската Унија за да се прикаже како релевантна на пазарот. Сепак, уште пред да биде направена безбедносната проверка во постапката за јавната набавка, македонските разузнавачки служби го вклучиле алармот оти станува збор за сомнителна руска фирма.

“Тоа беше индикативно, затоа што првата фаза што помина понудата на оваа фирма беше приближно скоро иста со другите две фирми, значи не се разликуваше многу, може за некои стотина илјади евра. Меѓутоа, во втората фаза спуштија неверојатно ниско, скоро 50 отсто поевтина сума и тоа ни го потврди сомнежот дека по секоја цена сакаат да го земат (тендерот)“, вели министерката Петровска.

Информирајќи за случајот, таа кажа дека според Кривичниот законик во конкретниот случај нема основа за кривично дело, но посочи дека заштитата на безбедноста на државата треба да се крене на повисоко ниво.

Во тој контекст, Петровска рече дека се прават анализи за можна промена на Законот за јавни набавки во делот каде што како главен критериум за добивање јавна набавка фигурира најниската понудена цена.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер