Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец во Свети Николе, расчистени 10 кривични дела „тешка кражба”

1710234646 lisici.jpg

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе при СВР Штип расчистија 10 кривични дела „тешка кражба” извршени на 10.03.2024 од продажни објекти во Градскиот пазар во Свети Николе од каде биле одземени разни предмети и пари.

Поради постоење основи на сомнение дека ги извршил кривичните дела од слобода е лишен В.Б.(41) од Свети Николе. Тој бил задржан во Полициска станица и во службен разговор ги признал кривичните дела, а поголем дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.

По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Одбележан 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, доделени признанија на 13 најдобри наставници за учебната 2025-2026 година

Жена и две деца повредени откако „пежо“ излетало од патот и се превртело

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија