Утрински Весник
Македонија

Дебата „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“

20240311162425 big 730x400 76.webp.webp

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира дебата на тема „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“.

Според организаторите, во регионални, но и европски рамки, интересот на науката и истражувачите за и околу Република Северна Македонија е фокусиран, пред се, на мултиетничките карактеристики на македонското општество. Покрај тоа нашата држава е мултирелигиска, што, како што наведуваат, претставува уште една нејзнина значајна карактеристика.

-Концептот на мултирелигиска држава е соодветен за македонските прилики, со оглед дека мултиконфесионалноста и од историски, но и од современ аспект претставува значајна карактеристика на македонското општество која влијае врз процесите и го обликува развојот на државата. Со оглед на фокусирање кон мултиетничкиот концепт во изминатите неколку децении, мултирелигискиот аспект на македонското општество е честопати занемарен, иако понекогаш се споменува како одреден импакт фактор, но без притоа сериозно да се анализира степенот на влијание на религијата врз општествените процеси, се наведува во соопштението.

Каква е улогата на Црквата во современото општество, геополитичките случувања и плуралистичка држава, во периодот на конфликти и судири, е едно од прашањата на кое ќе се разговара на дебатата што ќе се одржи во просториите на Филозофскиот факултет.

-Црквата треба да е отворена кон целиот свет и отворена кон проблемите на современите предизвици. Таа треба да биде во тек со случувањата на опш­тес­твените, научните, верските и сите општи теми и дали и како треба да ги следи геополитичките случува кои имаат непосредно влијание во животот на црквата, односно религијата и нејзиното позиционирање. Влијанието на религијата во политичките процеси е јасно препознатлива, а од друга страна исто така и влијанието на политиката во религиските процеси, наведуваат од Филозофскиот факултет.

Можете да прочитате

Аеродром конечно добива полициска станица со управни служби за лични документи

Лешочкиот фестивал за камерна музика ја пречекува магијата на трио „Анимато“

Во Трубарево PM₁₀ честичките во рамки на дозволените граници