Утрински Весник
Македонија

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ДО КРАЈОТ НА МАРТ: Нема најави за поголемо заладување на времето!

Received 7304813752916130.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

И покрај променливото време кое го имаме, со повремени и обилни врнежи од дожд, сепак барем според моменталните анализи со кој располагаме и тоа со помош на најпрецизниот прогностички модел (ECMWF) Европски центар за среднорочна прогноза, се до крајот на овој месец не очекуваме некое поголемо заладување на времето, што значи дека земјоделците и овоштарите не треба да стравуваат од можната појава на утрински мразеви, поради тоа што овошките се веќе во фаза на цутење, и тоа особено во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија.

Што се однесува до температурите, тие не би се менуваме многу во однос на овие кои ги имаме сега, тие би се искачувале речиси насекаде над 10 степени, понекаде и до околу 15 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурата локално ќе се искачи и до околу 20 степени.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна анализа на времето, промени во истата се можни. Затоа граѓаните да ги следат нашите секојдневни и краткорочни анализи на времето, кои се со можност за остварување од над 90%.

Можете да прочитате

Трипуновски од Кавадарци: Рекордна цена на најзастапените сорти на грозје, Вранец 21,3 денари, Смедеревка 18,9 денари по килограм

ВРЕДИ: Редот, правдата и контролата се најголемиот страв на ДУИ

Јавен обвинител извршил увид на местото на злосторот во Прилеп – пронајдени три безживотни тела