Утрински Весник
Свет

Полскиот министер за надворешни работи не крие дека војниците од некои земји на НАТО се веќе во Украина

Ukraine Nato Flags 2 Rdax 775x440s.jpg

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денеска изјави дека војниците на НАТО се присутни во Украина. – Војниците од некои земји на НАТО се веќе во Украина. Би сакал да им се заблагодарам на земјите кои го преземаат тој ризик. Тие ќе се препознаат – рече Сикорски, коментирајќи ги зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон за можното испраќање на западни трупи во Украина, пренесе РБЦ Украина. Сикорски не сакаше да каже на кои земји мисли. – За разлика од некои европски политичари, нема да го кажам тоа – рече Сикорски. На крајот на февруари Макрон не ја отфрли можноста за испраќање западни трупи да и помогнат на Украина, но додаде дека во моментов во НАТО нема консензус за ова прашање. САД отворено се спротивставија на оваа идеја, иако некои земји, како што е Балтикот, ја поддржаа. Како што јави РБЦ Украина, „Политико“ објави дека постои можност Франција да собира коалиција од земји кои би биле подготвени да испратат војници во Украина. Полска првично се спротивстави на присуството на трупите на НАТО во Украина, но подоцна ја омекна својата позиција, се додава.

Можете да прочитате

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7