Утрински Весник
Скопје

Швајцарија донираше на Пакомак два специјализирани камиони за собирање на отпад од пакување

Eb5a1800.jpg

Минатата година, Пакомак со поддршка на Швајцарија постави повратни вендинг машини за селектирање на пластични шишиња и лименки во повеќе големи маркети низ државава. Со одлагање на амбалажниот отпад во вендинг машините, граѓаните имаат можност да собираат зелени поени и истите да ги користат за плаќање во маркетите со помош на Екомак апликацијата достапна на Google & Apple.

Од неодамна, граѓаните имаат можност да пронајдат ИГЛО контејнер на онлајн мапата и да се информираат каде најблиску можат да го одложат селектираниот отпад :во сините контејнери се одлага хартија, во зелените стакло и во жолтите пластика.

Со цел да се подобри селектирањето и одлагањето на отпадот, во партнерство со Владата на Швајцарија, Пакомак инвестира во паметни зелени технологии кои го олеснуваат процесот на селекција за граѓаните. Во рамки на оваа соработка, денес Швајцарската амбасадорка, Н.Е. Вероник Улман, официјално му предаде на Пакомак два специјализирани камиони за собирање на отпад од
пакување.

Околу 110.000 тони амбалажен отпад од различни типови се создаваат годишно во земјава, а несоодветното одлагање заради несоодветно селектирање на тој отпад влијае негативно врз здравјето на луѓето и животната средина. Иако има напредок во селектирањето и рециклирањето на отпадот, сè уште има многу работа пред нас. Потребни се постојани напори за подигање
на свеста на граѓаните и подобрување на инфраструктурата за селектирање на отпадот за дополнително да се намали количината на амбалажен отпад што завршува на депониите.

Можете да прочитате

И тоа го има: Преку ноќ му го урнале објектот за да градат зграда

ЈП Лајка: Граѓаните да не оставаат мали кучиња пред нашиот објект

Утре делови од една скопска општина без вода