Утрински Весник
Македонија

Мицкоски објави кои ќе бидат носителите на пратеничките листи

1710166126 Hristi an Mickoski 3.jpg

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска објави кои негови сопартијци ќе бидат носители во изборните единици на парламентарните избори на 8 мај.

Како што претходно најави, Мицкоски ќе ја предводи пратеничката листа во изборната единица еден.

Во останатите изборни единици, се потврди она што го пишуваше 24инфо.мк пред точно два месеци.

Во ИЕ 2 носител ќе биде потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, во третата изборна единица пратеникот Драган Ковачки, во четвртата уште еден потпретседател, Александар Николоски, додека почесно место во изборната единица шест ќе има пратеничката Дафина Стојаноска.

За носител на изборната единица пет, како што најави Мицкоски партијата ќе донесе одлука денеска, а според информациите во јавноста, таму се „вртат“ три имиња, генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски, како и градоначалниците на Битола и Охрид, Тони Коњановски и Кирил Пецаков.

Крајниот рок за поднесување на листите до Државната изборна комисија е втори април.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Првата градинка во Теарце ги отвори вратите, супер модерното училиште во Куманово е при крај

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена”

СДСМ: Арамијата нема излез, Фон дер Лајен му ги зеде лагите, сега разгорува тензија пред средбата