Утрински Весник
Македонија

Традиционална крводарителска акција на припадниците на САЕ ,,Тигар” во чест на 13 март -Денот на единицата

Img 2 Scaled.jpg

По повод 13 март – Денот на Специјалната антитерористичка единица ,,ТИГАР”, припадниците на оваа единица денеска, во соработка со Црвениот крст и со Институтот за трансфузиона медицина, повторно на дело го демонстрираа хуманиот аспект од  чествувањето на нивниот ден.

Преку веќе традиционална крводарителска акција организирана во базата на САЕ ,,ТИГАР„ во касарна Илинден, тие и денеска на дело ја покажаа својата хуманост и  солидарност со само неколку минути од нивното скапоцено време, колку што се потребни да донираат крв даваат дополнителен придонес во спасувањето животи.  Имено, ова е само една од неколкуте крводарителски акции, како индивидуален одраз на хуманоста  што припадниците на САЕ ТИГАР ги реализираат според годишниот план за крводарителство на МВР. Покрај тоа што придонесуваат за афирмација и унапредување на крводарителството во МВР, посебно радува фактот што меѓу крводарителите се зголемува бројот на нови полициски службеници кои даруваат дел од себе за да спасат други животи.

Во денешната крводарителска акција ќе бидат дарувани повеќе од 50 крвни единици.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор