Утрински Весник
Балкан

Приоритет на НАТО во Албанија е премин од бавно кон високо производство на муниција, за потребите на војната во Украина

20240311113937 Big 730x400 63.webp.webp

Од Канцеларијата на НАТО во Брисел во врска со идејата за ревитализација на индустријата за оружје во Албанија, за албанската телеграфска агенција АТА наведуваат дека продолжуваат разговорите меѓу сојузниците за „зголемување на производството на муниција“, што од „бавно ќе премине кон високо производство на муниција, што го бара војната во Украина“.

„Зголемувањето на производството на оружје е еден од главните приоритети на НАТО. Како што изјави и генералниот секретар на Јенс Столтенберг на неговата прес-конференција по состанокот на министрите за одбрана на НАТО во февруари, дискусиите меѓу сојузниците продолжуваат за зголемување на производството на муниција. За да ги надополниме нашите резерви и да продолжиме да ја поддржуваме Украина, мораме да преминеме од бавното кон високо производство кое го бара конфликтот“, наведуваат од Канцеларијата.

За да го направат тоа, додаваат од канцеларијата, на производителите им требаат потпишани договори, а само во последните неколку месеци НАТО се согласил на договори во вредност од 10 милијарди долари.

Ставот на НАТО е дека ова и помага на Украина, го прави НАТО посилен и обезбедува повеќе висококвалификувани работни места во Европа и Северна Америка.

Исто така, во изјавата за АТА, од канцеларијата на НАТО во Брисел нагласуваат дека нејзини експерти ја проценуваат можноста за инвестирање во поморската база „Порто Романо“, во Драч.

„Во однос на “Порто Романо“, ги поздравуваме понудите од сојузниците да бидат домаќини на објектите на НАТО. Нашите експерти ги разгледуваат сите такви понуди и потоа даваат совети врз основа на воените барања на Алијансата“, посочуваат од Канцеларијата.

На прашањето за воздухопловната база на НАТО во Кучово, што беше отворена на почетокот на месецов, канцеларијата на НАТО во Брисел оценува дека „таа ќе и служи и на земјата“.

„Воздухопловната база Кучово ќе и служи на Албанија и ќе ги поддржува логистиката, воздушните операции, обуката и вежбите на НАТО Алијансата“, одговориле од Канцеларијата на НАТО за агенцијата АТА.

Можете да прочитате

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени